Б2Б

ПОЧИТУВАНИ ПАРТНЕРИ 
 
Како компанија, се трудиме да бидеме што поблиску до Вас, што подостапни за било која информација која ви е потребна. За таа цел, дополнително поттикнати и од предизвиците со кои сите се соочуваме поради пандемијата, решивме да ја развиеме нашата B2B апликација. 
 
Се надеваме дека со нејзе ќе го заштедиме Вашето и наше време и дека преку нејзе ќе ја подигнеме взаемната соработка на повисоко ниво. Заедно со податоците кои ќе можете да ги добиете и преземете преку нашата веб страна, сметаме дека ќе можете да ги имате сите потребни технички и комерцијални податоци за нашите производи.  
 
Преку B2B апликацијата, брзо и лесно ќе можете да ги добиете следните податоци: 

  • Листа на артикли со кои ги редовно ги држиме на залиха. Освен нив, во апликацијата решивме да ставиме и некои артикли кои редовно не ги држиме на залиха, а кои често ги обезбедуваме за нашите купувачи по нарачка и за кои ќе го добиете рокот на испорака;  
  • Нето цена на секој од артиклите кои ги имаме на залиха со пресметан попуст кон Вас; 
  • Слика за артиклот,технички к-ки; 
  • Можност за брза и лесна нарачка во која сами ќе го изберете начинот на испорака; 
  • Можност да правите понуди за артиклите кои ве интересираат; 
  • Листа на сите Ваши фактури, можност истите да ги испечатите; 
  • Листа на сите Ваши одобренија за артиклите кои сте ги вратиле; 
  • Нови артикли во нашата понуда; 
  • Тековни акции; 
  • Износ на доспеани фактури, комплетна финансиска картица…  

Однапред сме благодарни за било кој коментар или забелешка од Ваша страна кој би придонесол за унапредување на апликацијата. 
 
Ве молиме контактирајте не за да ви овозможиме пристап до апликацијата!