Компанијата Тим Електро Плус е основана во почетокот на 2018 год, од страна на двајца искусни ентузијасти-Зоран Андонов и Љубиша Веселиноски.
Желбата од старт беше да се основа нов субјект на пазарот на трговија со електро опрема и материјали, составен од професионалци,кој ќе понуди врвна услуга, и секако, сето тоа по пристапни и компетитивни цени.
Компанија со пријатен и здрав работен амбиент, каде вработените се највредниот ресурс во самата фирма, со постојано подобрување на условите за работа.
Целосно ориентирани кон нашите клиенти,секогаш подготвени да излеземе во пресрет на нивните барања и потреби.
Наша определба е да бидеме комплетни,компетентни,иновативни,енергични,услужливи и страстно посветени на нашите цели.
Секогаш подготвени да се подобруваме и да ги слушаме потребите на пазарот.
Само така успеваме да ја стекнеме довербата од нашите клиенти,и уште повеќе-ќе успеваме да ја одржиме долгорочно…
Константно го подобруваме целиот ланец во системот-од изборот на артиклите, набавката, складирањетото, па се до презентацијата на клиентите и самата испорака.
Во време на достапност на сите информатички технологии, наша определба од самиот старт беше што побрзо да ги имплементираме и да им овозможиме на нашите клиенти што побрза,подобра и полесна комуникација со нас.
Конечно, може да кажеме дека успеавме и веќе е во функција нашиот web site,со можност за B2B комуникација на нашите клиенти со нашиот систем…
Досегашниот развој на фирмата покажува дека нашите клиенти го ценат сето она кое ние го вложуваме и за возврат ни ја даваат довербата.
Наша трајна определба е да продолжиме по тој пат и да растеме заедно со нашите партнери, на заедничко задоволство…